2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Подобрени условите за пациентите и вработените на Детското одделение во Битола

Април 13, 2018

Со донации реновирани се дневната болница и тоалетите на Детското одделение при Клиничката болница во Битола.

„Ова се донации за подобрување на условите во Детското одделение. Фирмата ‘Бобфант’ изврши реконструкција на цела дневна болница заедно со тоалетот. Потоа, Ротари клубот ‘Широк Сокак’ го реновира санитарниот чвор, односно два тоалети и две капатила. Донации доаѓаат од секаде, имаме други фирми кои сакаат да помогнат. Сето ова е за подобрување на условите на Детско одделение и најмногу за нашите пациентчиња“, рече Ленче Петровска, главна сестра на Одделението.

30705382 371287110021328 6891978447585804288 n

Дневната болница ја користат децата кои не се хоспитализирани, туку примаат терапија и си одат дома. Има капацитет од пет кревети, опремена е со инхалатори, аспиратори, екг апарати.

„Кога ќе дојдат пацинетите на Детско одделение немаат контакт со лежечките пацинети и десно влегуваат за дневна болница , а лево е амбулантата, сето тоа сега го направивме. Кадровски одделението е покриено и со помош на персоналот од другите градови , има дежурни доктори секогаш“, додаде Петровска.30713363 371287183354654 6032848043353571328 n

Елена Стојановска, извршен асистент на компанијата „Кадонија“ изјави дека Фондот за разубавување на Битола “Бобфант“ функционира нецела година и во соработка со Клиничката болница го финасираа реновирањето на дневната болница во Детското одделение.

„Реновирањето се состоеше во плочки, под, бојадисување на ѕидовите, освежување на вратите, поставување на тапети“, рече Стојановска.

Менде Стојчевски, претседател на Ротари клубот „Широк Сокак“ од Битола рече дека одлучиле да ги санираат санитарните чворови на Детското одделение откако ја согледале лошата состојба во која биле, а и по барање на вработените.30657178 371287366687969 5230188801137049600 n

„Извршена е комплетна реконструкција на старите плочки, замемнети се со нови, заменети се и влезните врати. Ова не е прва наша соработка со Детското одделение, имавме и други проекти во изминатите години. Со ова сакаме да упатиме апел до цела јавност да се вклучат активно во сите овие наши проекти за подобро утре на сите“, рече Стојчевски.

Менаџерскиот тим на болницата обезбеди и нова врата, која деновиве сега ќе се монтиора, порачени се и нови кадички, а престои и реновирање на кујната.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани