Во хотелот ,,Молика” на Пелистер, се прават последните подготовки за прифаќање во државен карантин  на 90 нашинци  кои  вечерва ќе се вратат од Словенија и  Хрватска.

IMG 2e497bd68372df76719371593907de6d V

Од ЕСМ соопштија дека лицата се очекува во текот на денот да пристигнат на скопскиот аеродром и до вечерта да бидат организирано пренесени до хотелот ,,Молика”.

IMG 845ad866fca91f560d5c450ca82ab834 V

„Транспортот и сместувањето ќе бидат извршени согласно протоколите на министерствата за надворешни работи, за внатрешни работи и за здравство, додека од страна на хотелот ќе бидат обезбедени сите услови за престој за периодот додека трае пропишаната изолација“, велат од ЕСМ.

IMG f5f031d84b1fd71af7e2308988fee84f V

На располагање на државата за овие потреби од страна на АД ЕСМ и се ставени и хотелите ,,Попова Шапка” и ,,Славија” на Попова Шапка, каде се очекува во текот на утрешниот ден да се сместат граѓани за кои беше обезбедено организирано враќање од странство и кои ќе го поминат изолациониот период во овие капацитети.

IMG d1f9d9992354d2bdf68f608fe3a1a2cd V

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани