АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Европската шампионка, битолчанката Оливера Наковска Бикова, утрово пристигна од Норвешка, каде на Европското првенство во стрелање со воздушен пиштол, освои златен медал.
На Меѓународниот аеродором во Скопје ја пречекаа, претставниците од Општина Битола, Гордана Цветковска Бошевска и советникот Зоран Петковски, претседател на Комисијата за спорт, кои и посакаа топло добредојде, честитајќи и за постигнатиот успех и заблагодарувајќи и се за нејзината несебична посветеност, со која преку бројни спортски успеси ги промовира Битола и Македонија, во европски и светски рамки.
На Светското првенство во стрелаштво што се одржува во Сиднеј, Оливера Наковска Бикова настапи во дисциплината П2-воздушен пиштол жени и го освои 4-то место.
„Биди добар, биди подобар…стани најдобар“,под ова мото ,учениците од петто-2 и петто-4 одд.од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“-Битола, со своите наставнички Наташа Тодоровска и Билјана Рахманова -Тасева имаа интерактивна средба со македонската параолимписка шампионка во стрелаштво, Оливера Наковска Бикова.
Битолската градоначалничка Наташа Петровска ѝ го честиташе бронзениот медал на светската рекордерка Оливера Наковска Бикова, освоен на Светското првенство во Чеонгју, Јужна Кореја, што се одржа од први до 12 мај.