Оливера Наковска Бикова- Иднината им припаѓа на натпреварувачите со големо срце

Март 01, 2019

„Биди добар, биди подобар…стани најдобар“,под ова мото ,учениците од петто-2 и петто-4 одд.од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“-Битола, со своите наставнички Наташа Тодоровска и Билјана Рахманова -Тасева имаа интерактивна средба со македонската параолимписка шампионка во стрелаштво, Оливера Наковска Бикова.

Настанот беше организиран во училишната библиотека со цел да се запознаат учениците со еден врвен спортист од  Битола  и Македонија, со нејзините постигнувања на светско ниво каде таа постигна високи резултати во спортот.

b1

-Со својата скромност и емотивност во искажувањата, Оливера ги освои срцата на љубопитните ученици и им раскажуваше за нејзините почетоци во стралаштвото кои почнаа во  Економското училиште. Со помош на видеоматеријали и фотографии од голем дел од нејзините постигнувања на европски и светски првенства  успешно им ги доближи своите дострели,пред се објаснувајќи го самиот чин на подготовки и тренинзи за големите натпреварувања, вели наставничката Тодоровска.

Бикова  тренира  во скромни услови од пред повеќе од  20 год. таа воопшто не се пожали на тоа,туку на децата им објасни дека ако се сака нешто да се постигне, не се потребни  идеални услови, туку многу труд и да се одвојува доволно време за тренинг.

oooo

-Резултатите потоа сами ќе си дојдат. Таа оваа година ќе учествува на петта параолимпијада по ред во Токио. Децата беа фасцинирани и од оваа информација, додава Тодоровска.

Учениците, пак поставуваа прашања на кои отворено и јасно одговараше Бикова, восхитени од нејзините пехари, медали, дипломи и плакети.

-За пријатен прием во училиштето и можност за натамошна соработка се погрижија и  директорката  Валентина Петреска и психологот  Нина Пожарска од кои Бикова ја доби  поканата да биде и почесен гостин на патрониот празник на училиштето „Ѓорги Сугарев“.

b2

b3

b6

b7

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани