АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Националниот парк „Пелистер“ на својата фејсбук страница објави прекрасни фотографии од Големо Езеро на Пелистер направени од познатиот битолски фотограф Петар Ставрев. Во услови кога важи забраната за движење во шума, барем преку фотографија да можеме да уживаме во оваа безвременска убавина.
Ставрев за Апла.мк вели дека Големото Езеро досега го фотографирал безброј пати, во секакви временски прилики и во сите годишни времиња.
Битолчанки носеле елегантни венчални фустани и превези на свадбените церемонии уште кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Ова го вели познатиот битолски фотограф Петар Ставрев кој пред неколку години на Локум фест ја постави изложбата „Битолски свадби“. Тогаш имаше можност да избере фотографии од богатиот опус на Милтон Манаки.
Новинарот и хроничар Петар Ставрев раскажува дека политичарот Васил Тупурковски прв го откри мостот на Градешка Река во Зовиќ, пред култниот режисер Милчо Мачевски да го сними филмот „Прашина“ во 2001 година.
„Филмскиот мост “ во Мариово стана примамлив за филмските работници и посетителите кога во една политичка кампања Тупурковски се досетил токму оттаму да ја испрати пораката до гласачите. Потоа на мостот била снимена реклама за домашна здрава и еколошки чиста храна со актерот од битолскиот театар, сега покоен, Јосиф Јосифовски. Подоцна режисерот Манчевски токму на мостот сними дел од својот филм „Прашина“.
Според Ставрев, мостот на Градешка Река од камен мост стана „филмски мост“ и почна да привлекува домашни и странски посетители да го фотографираат и да го сликаат, исто како и пејзажот околу него.
Со анегдоти поврзани за фотографската дејност Петар Ставрев говореше за своето дело на свеченото отворање на изложбата „Фолклорни мотиви“ во рамките на Интернационалниот фестивал „Илинденски денови“. Неуморниот хроничат на Битола, па и на Фестивалот „Илинденски денови“ кој пак опстојува 48 години, рече дека воопшто не е едноставно да се фотографираат масовни настани каде доминираат фолклорот и традиционалната песна и игра.
Убавината на македонската носија вечерва ќе светне преку изложбата на фотографии „Фолклорни мотиви“ од истакнатиот битолски фотограф Петар Ставрев. Свеченото отворање е вечерва во Фоајето на Центарот за култура во Битола во 19 часот, а ќе се одржи во рамки на предфестивалската програма на 48 Интернационален фестивал „Илинденски денови“ во Битола.
Ќе бидат изложени четириесет фотографии со фолклорни мотиви кои Ставрев вешто и професионално ги уловил со својот фотоапарат на „Илинденски денови“, „Галичка свадба“, фестивалот во Долнени и на други манифестации. Комитското оро, играорните преплети, уникатниот македонски вез, традиционалните свадби и обичаи ќе бидат прикажани на 21 пано со фотографии.