2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Како мостот на Градешка Река во Зовиќ од камен мост стана „филмски мост“

Ноември 09, 2018

Новинарот и хроничар Петар Ставрев раскажува дека политичарот Васил Тупурковски прв го откри мостот на Градешка Река во Зовиќ, пред култниот режисер Милчо Мачевски да го сними филмот „Прашина“ во 2001 година.

„Филмскиот мост “ во Мариово стана примамлив за филмските работници и посетителите кога во една политичка кампања Тупурковски се досетил токму оттаму да ја испрати пораката до гласачите. Потоа на мостот била снимена реклама за домашна здрава и еколошки чиста храна со актерот од битолскиот театар, сега покоен, Јосиф Јосифовски. Подоцна  режисерот Манчевски токму на мостот сними дел од својот филм „Прашина“.

Според Ставрев, мостот на Градешка Река од камен мост стана „филмски мост“ и почна да привлекува домашни и странски посетители да го фотографираат и да го сликаат, исто како и пејзажот околу него.

 

– Прво мостот го промовираше Тупурковски за време на едни парламентарни избори, а потоа дојде Манчевски да снима сцени за филмот „Прашина“, по што мостот го доби епитетот „филмски мост“. Тој мост во тој дел на Мариово и куќата на Калеш Анѓа во Старавина, која е реновирана пред некоја година и претворена во музеј, се најинтересните места во Мариово за посетителите. Мариово има многу спомени од Првата светска војна, раскажани и недораскажани, меѓу нив е и „филмскиот мост“, како верен споменик на едно минато време, што не смее да се заборави – раскажува Ставрев, кој стотина пати го фотографирал мостот и пишувал репортажи за овој крај.

Новинарот и хроничар Ставрев, нагласува дека мостот мора да се заштити и реновира, да се санираат пукнатините на некои места и да се афирмира уште повеќе како верен споменик на едно време во кое преку него минувале аскери, војводи и војски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани