АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Доктор Синиша Трпчевски од Болницата „Плодност“ во Битола е првиот македонски гинеколог кој работи роботска хирургхија. Тој го доби сертификатот за завршена и положена специјализација по гинекологија и акушерство во Виена, Австрија. За време на неговото пет годишно искуство во рамките на специјалистичкиот стаж, направи многубројни лапароскопски операции и класични операции на карциноми на гениталните органи и над 50 роботски операции.
Доктор Трпчевски е дел од онколошкиот тим во најголемата болница во градот Велс, четврта по големина во Австрија. Поради фреквентноста на породувањата во болницата, околу 3500 породувања на годишно ниво, тој се стекна со големо искуство во оваа област, а во Болница „Плодност“ има направено неколку лапароскопски операции со вадење на лимфни жлезди. Во моментов е ангажиран во одделот за роботска хирургија, каде што досега направил над 50 роботски операции.