АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вчерва на програмата на битолското културно лето со почеток од 20 часот во Народниот театар во Битола концерт ќе одржи маестралниот месинг квартет „Хајдн Брас“ од Австрија.
На програмата ќе бидат дела од светските композитори Верди, Хајдн, Моцарт, Брамс, Елингтон и други. Ова е познат квартет ширум светот, кој изведува композиции на дувачки инструменти, а досега имаат снимено и неколку ЦД-а со класична музика. Меѓу нив и ЦД-то „Селектирана камерна музика со дувачки инструменти“ снимено во 2002 година во замокот Естерхази, на кое во фокусот се бесмртните музички композиции на класиците. Вечрва заедно со ансамблот „Агушеви“ ќе ги отсвират Химаната на Европа и нашата позната мелодија „Македонско девојче“.