2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Четворица млади  уметници, инаку матуранти  во битолската гимназија  „Јосип Броз Тито“,  вечерва,  во музејот на Ранко Струмениковски во Битола, во рамки на изложбата Nexus ги изложија своите уметнички дела.  Секој од авторите, Ангела Дуковска, Анушка Симјановска, Антон Гагачев и Анастасија Јанкуловска се претставија со  различна тематика и различен стил.

 277610886 1168349860593886 5631405304390921744 n

 Изложбата ја отворија Драган Ристевски и професорот по ликовна уметност Александар Поповски, кои имаа многу пофални зборови за младите уметници

 received 341833907918947

Ликовниот уметник и критичар Владо Ѓоревски – Рафик,   рече дека  има чест да зборува на изложба на млади ликовни автори, гимназијалци, што е од огромно значење затоа  што уметноста ќе продолжи да живее во Битола.

277689444 653550065721911 6365089143750368417 n

За убавата атмосфера на отворањето на оваа изложба  свој придонес имаа Андреј Петровски и Бојан Јанакиевски со своите музички настапи

 276972330 710250563329378 7786490685656805844 n

 
 

На 02.01.2022 во 18.25 полициски службеници од ОВР Ресен добиле пријава – повик за помош од Ј.Д.(20) од Битола. Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, тој со своето патничко моторно возило „сузуки”, со битолски регистарски ознаки, заедно со своите сопатници А.В. и Ѓ.Д., двајцата од Битола, бил заглавен на регионалниот пат Отешево - Св.Наум, на кој има активна забрана за движење на возила во зима. Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на местото на настанот и го пронашле возилото кое било заглавено во снегот, по што заедно со возачот и сопатниците, биле извлечени со возилото и спуштени на безбедно место. 

На неколку часа пред натпреварот на ЕУРО 2020 помеѓу Македонија и Украина,  атмосферата во Букурешт е вжештена. Голем број Македонци заминаа за Романија да ја бодрат од трибините македонската репрезентација. Навивачките табори, меѓу кои најмногубројни се битолчани, се вистински хит во Букурешт, каде од синоќа се веат македонски знамиња, се пеат македонски песни, се играат македонски ора, а ечи и „Битола мој роден крај“.

200534992 1001638140653432 9176782353959789562 n

Бројни телевизиски екипи ги снимаат македонските навивачи низ главниот град на Романија, а нашите кои заминаа да го следат овој важен натпревар за Македонија, велат дека доживувањето е исклучително.

-Атмосферата е подигната на највиско ниво, спремни сме да им дадеме поддршка на нашите репрезентативци, а ова е доживување кое ќе го паметам целиот живот, вели битолчанец кој вчера замина за Букурешт.

Натправерите на ЕУРО 2020 можат да ги следат вакцинирани граѓани или пак со негативен ПЦР тест, кои добиваат алки како доказ за тоа.

 

viber image 2021 06 17 10 39 06

 


viber image 2021 06 17 11 08 16

Багодарние на нашите сограѓани кои се дел од фудбалската еуфорија во Букурешт, на читатлите на апла.мк им ја пренесуваме атмосферата од Букурешт преку неколку аматеркси видеа и фоторгафии. На првиот натрпеавар на трибините имаше над 4000 македонски навивачи, денес се очекува поголема бројка

Поради здобиени тешки повреди, скршеници на пршлени и ребра како и крварење во стомак од Општа болница Велес во Ургентен центар Скопје е пренесен В.В (56) од Битола. По реанимирањето и укажаната медицинска помош на Хирушкото одделение во моментов за транспорт се подготвува и неговата сопруга С.В (54). И таа се здобила со повеќе скршеници и има крварење за што е потребен по специфичен третман на лекување пишува порталот Дума. http://duma.mk/

Она што некогаш беше Југославија, сега сакаме да го наречеме регион, така ни е полесно. Синоќа во Херцег Нови, беше регионот на едно место. По 51-ви пат се славеше мимозата како дрво кое морепловците го донеле на своите жени за да ги наградат за верноста после нивните долги патувања по морињата, ни напиша Светлана Петковска, претседателка на Организација на жени од Битола, која викендов е во Херцег Нови.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани