2win800x200

 

Ноќеска од запад ќе се прошират повремено поинтензивни врнежи од дожд (над 10 л/м2), а утре во текот на денот на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час).

 

Времето денес (27.03.2022 год.):

Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. 

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.
 

Времето утре:

Променливо облачно, попладне во југозападните делови со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

 

Во следните денови

ќе преовладува променливо облачно време, утре попладне во југозападните делови со слаби локални врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи се очекуваат од четврток до сабота кога ќе дува и засилен до силен ветер од јужен правец.

Минимални температури измерени утрово

-5 Берово, -2 Скопје-Петровец, Битола, -1 Струмица, Маврови Анови, 0 Крива Паланка, Тетово, Претор, Штип, Демир Капија, Гевгелија, 1 Прилеп, Куманово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Дојран, 3 Kрушево, 4 Виница.
 
Извор: УХМР

21.03.2022

 МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)
-12 Попова Шапка, -10 Берово, Маврово, -7 Скопје-Петровец, Крушево, -6 Демир Капија, -5 Битола, Штип, Куманово, Kрива Паланка, -4 Струмица, Тетово, Охрид, Претор, Гевгелија, -3 Прилеп, Дебар, -2 Скопје-Зајчев Рид, Дојран, -1 Виница.
 
ВРЕМЕТО ДЕНЕС (21.03): Претпладне сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.
 
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а до среда ќе дува умерен до засилен северен ветер. На места значително облачно и најветровито ќе биде во вторник. Температурата во следните денови ќе биде во пораст, позначителен од средината на седмицата.
 
Извор: УХМР
 

13.03.2022

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С) 
-16 Маврови Анови, -13 Берово, -12 Попова Шапка, -11 Kрушево, Крива Паланка, -10 Претор, -9 Скопје-Петровец, Прилеп, Битола, -8 Охрид, Тетово, Куманово, Штип, Демир Капија, Струмица, -7 Виница, -6 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, -4 Дојран. 
 
 
 ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачбост, а од понеделник ќе има пораст на температурата. Зголемување на облачноста, врнежи и повторно заладување се очекува на крајот од работната седмица.
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани