АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Современа повеќенаменска механизација во вредност од 3.300.000 денари која ќе ја користи ЈП„ Комуналец“ , намени општина Битла од грантот од 7.238.850 денари од Светска банка во Министерството за финансии за подобрување на општинските услуги.
Во завршна фаза е тендерската документација за купување на сопствена механизација за ископ на јаглен во РЕК Битола со што ќе се елиминира или ќе се сведе на минимум ангажирањето на надворешни фирми, соопштија од ЕЛЕМ.
Според направената физибилити студија од страна на Секторот за развој и инвестици во РЕК Битола, за целосна набавка на сопствена опрема ќе бидат потребни 64,5 милиони ера. Во првата фаза, сумата за набавка ќе биде 24 милиони евра и тендерот се очекува да биде распишан до крајот на февруари.
- Како што јавноста веќе е запозната, тендерот за купување механизација кој претходното раководство на АД ЕЛЕМ го распиша пред неговото разрешување, беше запрен по насока на новата Влада на Р.Македонија, поради потреба од повторна проценка на потребите кои беа наведени во документацијата за тоа што е планирано да се купи и во која количина, како и условите според кои понудувачите можат да учествуваат на тендерот. Целта на новата проценка, меѓу другото е и да се даде можност да учествуваат што повеќе фирми и да има поголема конкуренција на тендерот, односно да се елиминираат можностите за фаворизирање одредени понудувачи, се вели во соопштението.
Инаку, по повлекувањето на компанијата „Трансмет“ од договорот за ископ на јаглен, на 2 февруари е распишан нов тендер, а до изборот на новата компанија, ископот ќе го врши фирмата „Пелистер“ со која е склучен привремен договор.
„За да се покрие периодот од три месеци до избор на нова фирма кој ќе се изврши преку јавна е-аукција, склучен е привремен договор за ископ согласно Законот за јавните набавки кој предува услови од крајна итност , за да може да продолжи производството на електрична енергија во РЕК Битола“, се појаснува во соопштението.
За привремениот договор понуди доставиле пет компании и првичната цена изнесувала 100 денари за гигаџул, а последната понудена цена, на која и бил склучен договорот со фирмата „Пелистер” изнесувала 87,80 денари за гигаџул.