АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Современа повеќенаменска механизација во вредност од 3.300.000 денари која ќе ја користи ЈП„ Комуналец“ , намени општина Битла од грантот од 7.238.850 денари од Светска банка во Министерството за финансии за подобрување на општинските услуги.
Директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски, ги посочи техничките карактеристики на возилото, односно помошните делови кои ќе бидат ставени во функција на работата на јавното претпријатие.
-Оваа механизација за ЈП Комуналец е многу големо олеснување во извршување на секојдневните активности, а ќе можеме да извршиме многу поголем обем на работни обврски од планиарното. Оваа донацијата содржи силен трактор, дополнително опремен со ножеви за снег, приколка, метларка, ровокопач, две алатки за кастрење на гранките на пристапните патишта и мулчер и ножици за гранки со дебелина и до 10 цм. Ова е дополнително олеснување и за вработените во јавното претпријатие, кое ќе донесе и дополнителни финансиски олеснувања, односно ќе имаме помалку трошоци за резервни делови, гориво итн, рече Богоевски.
Во изминатите две години, битолските јавни претпријатија со сопствени средства, но и со средства обезбедени од страна на Општина Битола, вложиле над 640.000 евра, во нова механизација, од кои 430 илјади евра се само во ЈП „Комуналец“, посочи градоначалничката Наташа Петровска.
-Оваа механизација е во функција на подобрување на општинските услуги кон граѓаните. Во таа насока, оваа механизаЦија ќе биде предадена на користење на јавното претпријатие „Комуналец“ Битола, за извршување на нивната дејност. Без соодветни средства со кои се извршува дејноста, никогаш не може квалитетно истата да биде завршена, рече Петровска.