2win800x200

На денешен ден, 3 март 1920 година, во селото Лавци, Битолско, роден е Пецо Гудовски.

На 27 февруари 1999 година почина Лазо Хаџи Поповски, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење во Вардарскиот дел на Македонија, учесник во Антифашистичката војна, чевларски работник.

На денешен ден, 3 февруари 1977,
кај Македонски брод загина Васко КАРАНГЕЛЕВСКИ, припадник на  македонското националноослободително и комунистичко движење во  Вардарскиот дел на Македонија и учесник во Антифашистичката војна, генерал на ЈНА Роден е на 7 јули 1921 г. во селото Брусник, Битолско.

Пред Втората светска војна е земјоделски работник. Член на југословенската комунистичка  младинска организација СКОЈ од 1941 г. и член на КПМ од 1943 г. Заменик-командант и командант на баталјонот „Стив Наумов“, заменик-командант на  Четвртата бриада, а потоа командант на Петтата и Седмата бригада.

На крајот  на НОАВМ е командант на Четириесет и деветтата македонска дивизија на  НОВЈ. По Ослободувањето дипломира на Воената академија "Ворошилов" во  Сојузот на Советските Социјалистички Републики, ја заврши Вишата  воена академија на Југословенската Народна Армија (ЈНА).

Во  ЈНА имаше чин генерал-полковник и беше командант на дивизија, началник на штаб на корпус, началник на штаб на армиска  област и командант на армија. Член на Централниот  комитет на СКЈ.

Прогласен за народен херој на  Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

На денешен ден, 27 јануари 1993, во село Бистрица, Битолско., почина Богоја ФОТЕВ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Роден е на 14 август 1900 г. во селото Герман, Леринско, Егејскиот дел на Македонија. Во напредното комунистичко движење од пред Втората светска војна. По окупацијата на Вардарскиот дел на Македонија активно работи на организирање на антиокупаторска борба. Заради својата дејност уапсен и затворен од бугарските фашистички окупаторски власти.

Делегат на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 г. и член на Президиумот на АСНОМ. Подоцна назначен за повереник за финансии и секретар на Президиумот на АСНОМ. На Второто заседание на АСНОМ кое се одржа во Скопје од 28 до 30 декември 1944 г. избран за повереник за земјоделство. На Третото заседание на АСНОМ во Скопје од 14 до 16 април 1945 г. избран за член, а во пролетта на 1945 г. и за претседател на Президиумот на Народното собрание на Македонија.

Во 1949 г. се изјасни во полза на Резолуцијата на Информационото биро (ИБ) и е отстранет и изолиран од општествено-политичкиот живот.

Носител на Партизанска споменица 1941. 

 

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани