2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Денес се навршуваат 81 години од смртта  на Ѓорѓи Наумов, Блаже Рогозинаро и Кочо Десано, кои од бугарскиот фашистички окупатор биле осудени на смрт со бесење, а пресудите биле извршени на 21 јули 1942 година  во Скопскиот затвор

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 17 јули 2016

Во Скопје почина Трајче ГРУЈОСКИ, припадник на македонското Националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден е на 19 август 1921 година во селото Раково, Леринско, Егејски дел на Македонија. Беше член на југословенската комунистичка младиниска организација (СКОЈ) од 1939 г., на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ) и Месниот комитет на СКОЈ во Битола од 1941 г. Беше и секретар на Обласниот комитет на СКОЈ, борец на Битолскиот партизански одред "Јане Сандански" од 1942 г., инструктор на Леринскиот партизански одред "Вичо", политички комесар на чета во Битолскиот партизански одред "Гоце Делчев" во 1943 г., член на Вториот областен комитет на Комунистичката партија на Македонија (КПМ) во 1943 г. и заменик-политички комесар на Втората оперативна зона на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија (НОВ и ПОМ). По ослободувањето дипломираше на Правниот и на Економскиот факултет, а потоа докторираше на темата „Битола - дејството на основните општественоекономски факори врз развитокот“. Работеше како редовен професор на Економскиот факултет и на Факултетот за безбедност и општествена самозаштита во Скопје, како директор на Уредот за статистика на Народна Република Македонија (НРМ). Беше и секретар на Извршниот совет на НРМ, сојузен секретар за законодавство и организација на власта на Сојузниот извршен совет (СИС), претседател на Републичкиот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија (СРМ), потпретседател на Извршниот совет на Собранието СРМ, член на Сојузниот извршен совет, судија на Уставниот суд на СРМ, претседател на Претседателството на Сојуз на здруженијата на борците од Народноослободителната војна (СЗБНОВ), член на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија (СКМ) и републички пратеник. Неговите научни трудови се однесуваат главно на Антифашистичката војна и на економскиот развиток на Битолско. Бил носител на „Партизанска споменица 1941“ како и на низа други ордени, награди и признанија..

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 15 ЈУЛИ

Во 1923 година, во село Лавци, Битолско е роден Панде ЈОВЧЕВСКИ-Кајзеро, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Потекнувал од земјоделска фамилија, а и самиот бил земјоделец. Прогресивното комунистичко движење што го имало опфатено селото Лавци, не го заобиколило и него. Од самиот почеток на антиокупаторската борба активно ја помагал. Веќе на 25 ноември 1942 г., се приклучил кон единиците на НОВ и ПОМ. Најнапред бил во партизанскиот одред „Даме Груев“, а подоцна и во одредот „Јане Сандански“. На 22 јуни 1943 г. кога селото Лавци било опколено од бугарска војска и полиција, тој заедно со Панде Ташкоски, тргнале да се вратат во партизанскиот одред, но наишле на бугарска заседа која ги раздвоила. Панде Ташкоски успеал да се пробие, а Панде Кајзеро отпочнал нерамна борба со непријателот. Успеал да ликвидира 13 или 14 бугарски полицајци и војници. Откако му завршила муницијата, со последната бомба се самоубил.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 8 јули 1943

Во Битола е убиен Трајче МАГЛОВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден е во селото Смилево на 4 мај 1923 г. Беше ученик во Битолската гимназија и уште тогаш стапи во напредното движење, односно беше меѓу најактивните членови на југословенската младинска комунистичка организација СКОЈ во нејзините антиокупаторски активности во Битола. Заради тоа беше апсен од бугарската фашистичка полиција, подложен на ѕверска физичка тортура, но секогаш храбро се држеше и не ги предаваше своите другари и својата Партија. Во јуни 1943 година, штотуку излезен од затвор, на пат за селото Лавци беше фатен и уапсен од локалниот полјак Перо Василевски-Пачата, а при обидот да му побегне беше убиен.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани