2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На денешен ден 8 септември 1942 година, загина  Кочо Чолаковски–Станко, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење.

На 1 мај во 1942 година во атарот на село Поткамен, кај Чајниче, Босна и Херцеговина, загина Киро ДИМИТРОВСКИ-Дандаро, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката и народноослободителна борба на Југославија, графичар.

Роден бил во Битола на 5 мај 1912 г.

Пред Втората светска војна бил активист на прокомунистичките синдикати, член и секретар на Месниот комитет на КПЈ во Битола во 1939 г. Ја основал првата партиска техника на Мениот комитет на КПЈ во Битола во 1940 г.

Поради таа активност бил уапсен на 5/6 септември 1940 г. и осуден на 13 декември 1940 г., Бранител во судскиот процес му бил д-р Иван Рибар. Затворската казна ја издржувал во затворите Главњача и Ада Циганлија и во Казнениот завод во Сремска Митровица, од каде што успеал да избега преку подземен тунел на 21/22 август 1941 г. и станал борец на Фрушкогорскиот партизански одред од неговото формирање на 9 септември 1941 г.

Работел како типограф во печатницата на централниот печатен орган на КПЈ, весникот "Борба" во слободното Ужице во октомври 1941 г. Со единиците на НОВ и ПОЈ и Врховниот штаб, преку Златибор кон Нова Варош, успеале да ја евакуираат и печатницата до село Доброселце, а тој заедно со други соборци се префрлил во Босна и се приклучил во Витешкиот вод на Романискиот партизански одред.

Потоа бил политички комесар на Првата чета на Петтиот шумадиски баталјон на Втората пролетерска бригада на НОВ и ПОЈ.

Загинал во борба против италијанските окупаторски сили. По ослободувањето, на 18 мај 1948 г. неговите посмртни останки биле пренесени и закопани во Битола, а тогаш основаната битолска печатница била именувана со неговото име.

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

На денешен ден,  5 март, во 2006 година во Битола почина Вангел Нечевски-Тунелот. Роден бил во Битола на 17 март 1922 г. Бил припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Работел како наемен работник во тутунската индустрија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани