АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во организација на Државните електрани денеска се спроведе еко-акција за чистење на ски-патеката на Копанки од отпадот. На акцијата се приклучија планинари, скијачи, љубители на природата, а како што велат од ЕСМ, целта е подигање на јавната свест за соодветно одложување на отпадот, за важноста од зачувување на природата и на планинските центри како места од особено значење, како и и промотивна подготовка на патеката пред почетокот на зимската сезона. Акцијата се спроведе со почитување на сите протоколи и мерки за заштита од КОВИД-19.