2win800x200

Чистење на дивите депонии низ градот ќе спроведат следната сабота, на 28 септември,  битолските јавни претпријатија, а носител ќе биде ЈП „Комуналец“. Предвидено е во акцијата да учествуваат и претставници на невладиниот сектор и локалното население, а ќе започне во 8 часот наутро и ќе се спроведува на неколку локации низ градот

Акцијата за чистење на коритото  на реката Драгор, која започна на почетокот на август влегува во последната фаза. Механизацијата ангажирана од ЈП „Нискоградба“ денеска беше по течението во централното подрачје, односно на потегот од Ленски мост до Дрвеното мовче. 

Во 2019 година Општина Битола планира да ги субвенционира домаќинствата за редовно чистење на оџаците. Ова стои во Програмата за заштита на животната средина за 2019 година која треба да биде разгледана и донесена на седницата на Совет во вторник.

ЈП „Нискоградба“ утрово започна со чистење на коритото на реката Драгор од бујната вегетација.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани