АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
При посетата на Кугланата во Спортската сала во Битола, кандидадот за градоначалник од СДСМ, Наташа Петровска, вети поддршка за спортот и подобри услови за спортистите.
-Битола е спортски град, а битолчани дишат за спортот. Често ќе следам спортски настани, а како идна Градоначалничка на Битола, ќе го помагам максимално спортот. Во Битола имаме Спортска сала, руинирана и со многу слабости, но во неа има и Куглана. Нашите заложби за развој на спортот во Битола, се токму во ветената изградба на нова Спортска сала во нашиот град, од страна на локалната самоуправа, секако во соработка со централната власт, со Агенцијата за млади и спорт. И цел потег до Тумбе Кафе, Стадионот и околните терени ќе се реновираат, а ќе се одржуваа и постојните терен, рече Петровска