Лозановски од СДСМ: Злосторникот секогаш се враќа на местото на злосторството

Мај 17, 2022

Интегрален текст од изјава на Андреј Лозановски, член на ИО на СДСМ Битола

 

ДПМНЕ не само што се врати во Офицерскиот дом, туку не може да излезе од него откако дојде на власт во Битола.

Објектот кој ДПМНЕ го раскрчми, го уништи, на крајот сакаше и да го продаде, сега е главно врталиште на истите тие што со години го уништуваа. Тоа е почитувани битолчани лицемерието на ДПМНЕ.

На поранешниот координатор на ДПМНЕ и советник во Советот на Општина Битола, Борче Димитровски не му пречеше Талески да го продава Офицерски, ги гласаше сите негови одлуки за Офицерски, а сега во него организира концерти. Уште, пак, го одбрал насловот Битола е градот.

Битола беше градот и кога Офицерски сакавте да го продавате.

Битола беше градот и кога ја крадевте без милост, кога оставивте милионски долгови во училиштата и претпријатијата.

Битола беше градот и кога ја турнавте на колена.

Ама, тогаш изгледа поважни од Битола беа џебовите и партиската каса.

Сега, историјата се повторува.

Кој заработи од концерот на КУД Илинден во Офицерски? Друштвото на Димитровски или општината во која Борче Димитровски е секретар?

Дали под менторство на Димитровски во општината се работи на проектот битолското културно лето Битфест по шемата на Владимир Талески Двојче?

Дали под превезот на бројни културни настани се подготвува нов грабеж на битолчани?

Институции, буџети, фирми и претпријатија во служба на партијата е видена и потврдена пракса на ДПМНЕ. Единствена разлика сега е дали коалиционите партнери на ДПМНЕ ќе дозволат ново раскрчмување на Битола или и тие ќе добијат по некоја коска која ќе им ги затвори устите.

СДСМ нема да молчи и на граѓаните ќе им ги открие сите шеми за новиот грабеж во најава на ДПМНЕ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани