2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

По 23 пат во сабота започнува Интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола

Мај 11, 2022
 
На 14 мај, во Центарот за култура во Битола,  под мотото ПОМЕЃУ  ќе започне 23-то издание на Интернационалниот фестивал на Монодарамата на кој доаѓаат  професионални актери  од 11 држави, а ќе изведат вкупно 13 монодрами. 
 
Битола до 21 мај ќе биде вистински фестивалски град, каде ќе  гостуваат монодрами од Велика Британија, Ерменија, Хрватска, Шпанија, Азербејџан, Полска, Израел, Бугарија, Молдавија и Романија, со уметнички сензибилитет на новодефинираните театарски тенденции.
 
„Скапоцено е што мојот град Битола е запишан на светската мапа на фестивали на монодрама. Оваа година растеретени од ковид протоколите, со храбра одлука од наша страна да направиме повторно светски фестивал, зошто пред сe како актер, а потоа како директор на оваа национална институција од културата, знам колку овој проект е посебен, зошто не станува збор за никаква комерцијална, туку за сериозна и квалитетна уметничка продукција. Со поддршка на Министерството за култура, Општина Битола и на неколку спонзори, на кои сме им бескрајно благодарни работевме повеќе месеци на овој проект, кој бара и одлична мрежа на контакти низ светот, за што во ЦК имаме одличен тим кој стои позади фестивалот и селекција која тука, оваа година ќе го донесе најдоброто„ - истакна Маја Андоновски Илијевски на денешниот прес.
 
received 528257695596385
 
Жири комисијата ќе биде составена од режисерот Владимир Милчин, актерката Бедиа Бегова и македонскиот писател и драмски уметник Сашо Димоски. 
Селектор на фестивалот е доајенот на македонскиот тетатар, актерот Петар Мирчевски. 
 
„ Слоганот ПОМЕЃУ говори и за навистина тешката задача да се селектира од досега можеби најголемиот прилив на апликации за учество. Над 70 пријавени монодрами од целиот свет, а дури 11 беа од Хрватска, каде по неколку нивни гостувања на овој ист фестивал, стануваме славна точка, што е навистина убава вест. ПОМЕЃУ многу дилеми, што да се избере, зошто ние како директно инволвирани со месеци во овој проект, верувајте му се радуваме на фестивалот како на најголем театарски празник, бидејќи низ годините наназад не се забележал толкав голем интерес за учество. Програмата е затворена, има одличен избор и од аспект на текстови, и од аспект на продукција, а актерскиот чин на креирање на монодрама ќе го оживее театaрскиот свет на малку поинаков начин” - истакна Петар Мирчевски.
 
received 1427297957729213
 
Свеченото отварање на фестивалот ќе биде на 14 мај со претставата „Само глас" на МНТ Скопје, додека затворањето е на 21 мај со претставата „Странци" на Драмски театар Скопје.
Годинава новина е дневната офф-програма која од 12.00 до 15.00 часот ќе се случува на делови и од Широк Сокак со учество на актери од Статуа Фест, а централна точка на оваа придружна програма ќе биде Јагода на крајот од оваа пешачка позната зона на Битола, каде актерите живи статуи и познатите артисти од битолската електронска сцена ќе имаат своја програма.
 
received 1051014702498077
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани