2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Реакција на СДСМ за изјават на Мицкоски: Каков е тоа бум кога за да поправи еден мост од 10 метри на општината и требаа 7 месеци?

Јуни 03, 2022

 

Каков е тоа бум кога за да поправи еден мост од 10 метри на општината и требаа 7 месеци?

Битолчани се сведоци на раскопани улички, градот никогаш не бил повалкан, граѓаните дерман немаат од кучиња скитници.

Коњановски и ДПМНЕ за само седум месеци потрошија над 8 милиони евра од општинската каса, а не започнаа ниту еден од проектите што ги ветуваа. Нема нова сала, нема ново училиште, нема нови кружни текови. Ја нема ниту инвестицијата во Жабени со која Мицкоски и Коњановски ги лажеа битолчани, ама затоа в општина има 20 нови партиски вработувања. И има сеча на дрвја во центарот на градот без да се прашаат граѓаните. Закани и самоволие. Тоа го донесе ДПМНЕ во Битола.

Во право сте, господине Мицкоски кога велите дека не сме сите исти. Вие и Коњановски сте најлошото што можеше да ни се случи. Вие, господине Мицкоски, ги распорадавате националните интереси, а дома глумите голем патриот. Градоначалникот Коњановски, пак, толку е загубен во времето и просторот, па отчет дава пред партискиот шеф, наместо пред граѓаните. Седумте месеци локална власт на ДПМНЕ во Битола се најдобар доказ како не треба, изјави   Христијан Стојановски, СДММ Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани