АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес во просториите на ОО на Сојузот на борци од Битола, членови на претседателството ги примија претставниците на ПЕГ Турниме да кинисам, кои самоиницијативно, со свои средства и личен труд, го поставија македонското знаме на јарбол, на местото на загинувањето на борците од првиот партизански одред Пелистер и им изразија голема благодарност и признание за нивната почит .
Како што објави апла.мк, јарбол со македонското државно знаме ПЕГ Турниме да кинисам го шостави на 24 мај на местото каде пред точно 80 години во битка против тогашните бугарски фашистички окупатори, загинаа борците на првиот битолски партизански одред "Пелистер": Елпида Караманди, Димитрија Николовски - Таки Даскало, Мара Јосифовска - Ѓурѓа, Димче Хаџи Поповски, Орде Михајловски - Оцка и Јоска Ордановски - Сандански.