2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

СДСМ: Коњановски и советниците од ДПМНЕ да објаснат врз основа на кој проект ги исекоа дрвјата кај Ветеринарното

Јуни 06, 2023

Интегрална изјава од прес конференцијата на Борче Корлевски, советник од СДСМ

 

По масакрот што го извршија врз дрвјата стари и по 40 години, ги повикуваме градоначалникот Тони Коњановски и советниците од ДПМНЕ, да се вратат тука, кај Ветеринарното и од местото на злосторот да и објаснат на битолската јавност:

 
- Врз основа на кој проект Комуналец ги исече дрвјата? На оној стариот од 2015 година, нацртан од Владимир Талески за кој сите советници, освен советниците на ДПМНЕ, побараа ревизија или има некој нов проект за кружниот тек што ќе се гради тука?
 
- Коњановски и советниците од ДПМНЕ да го донесат проектот врз основа на кој се исекоа дрвјата за да може сите битолчани да видат за што ќе се потрошат 200.000 евра од нивните пари!
 
- Дали општинскиот инспекторат за животна средина даде дозвола да се исечат дрвјата кај Ветеринарното? Ја повикуваме инспекторката Јулијана Ивановска да ја објави одлуката со која го дозволила тоа. 
 
Коњановски и ДПМНЕ се најголемото разочарување за Битола и битолчани! За година и пол власт докажаа дека имало и полошо од Владимир Талески. Тоа што Двојче не успеа, сега Коњановски го довршува. Матрицата е иста!
 
За една и пол година власт, Коњановски потроши над 50 милиони евра, а ништо не изгради во Битола! Напротив, Коњановски и ДПМНЕ рушат гаражи, рушат трафики, сечат дрвја... Окупатори да беа, немаше толку зулум да направат во Битола!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани