АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Целосна ревизија на сите договори и дали локаланта власт во заминување ги испочитувала обврските кон инвеститорите во индустриската зона „Жабени“ и во новата населба во битолската „Касарна“ најави, кандидатот за градоначалник на СДСМ, Наташа Петровска, доколку ја добие довербата на граѓаните. Петровска вели, дека по согледување на состојбата, јавноста ќе биде информирана за сите затекнати проблеми, но ќе се бара и одговорност.
-Она што ќе го направиме е целосна ревизија на сите договоритр. Не можеме однапред да ги обвиниме оние кои што инвестирале, ако локалната самоуправа или државата не ги исполнила своите обврски и да им го одземеме нивното право што го стекнале. Дефинитивно, ќе направием ревизија, ќе ги согладаме сите ситуации, зошто, како настанале. Ние не бевме против изградба на индустриска зона, но несреќен беше изборот на локацијата, токму поради водостојот. А и времето покажа дека тоа е причината заради што тешко се решаваат инфраструктурните проблеми. Факт е дека е парите од Касарната завршија во индустриската зона „Жабени“ затоа што претходната локалана самоуправа ценеше дека таму треба да биде приматот на инвестициите, без да води сметка дека отвора еден сериозен проблем со ошетување на други инвеститори во Касарната, кои ќе си ги бараат своите права заради застојот на нивните бизниси. И на тоа ќе направиме ревизија, а после целосно согледување на состојбите, битолската јавност ќе биде информирана , што сме затекнале, какви состојби настанале и кој е виновен за тоа. Сите ќе мора да се соочиме и да ги решаваме проблемие, рече Петровска.
На прес конференцијата во старата индустриска зона, рече дека зарад двојни аршини за инвеститорите, некои стопансвеници функцинирале во очајни услови без можност да ги прошират своите бизниси и без можност да отворат нови работни места.
-Претходната локална самоуправа предводена од ДМПНЕ , очигледно имала двоен аршин за тоа кој инвестира, каде инвестира. Тоа во следниот период мора да се промени. Значи има тука околу 50 правни стопански субјекти со голема бројка на вработени на кои што ако им обезбедиме, а тоа ќе го направиме како идна одговорна и чесна локална самоуправа, нормални услови, решавање на урбанистичкиот план, на инфраструктурните проблеми тогаш ова дефинитивно ќе биде простор кој што ќе биде многу пооплеменет, кој ќе отвори простор за нормално функционирање на стопанствениците тука, кој ќе отвори можности за многу вработувања на наши, особено млади сограѓани, изјави Петровска.
Исто така рече дека нема да се запостави ниту индустриската зона „Жабени“.
- Она што сакам да го нагласам е дека за нас нема да биде важна локацијата и нема да биде важен кој е инвеститорот. Се додека тоа е во согласност со стандардите и се додека тоа значи вработување на наши сограѓани и секако додека значи развој на општина Битола, додаде Петровска.