АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„ Ако денес се одвоиме од Албанија, Црна Гора и Србија никој не гарантира кога и на каков начин ќе станеме членка на ЕУ. Не смее тоа да се случи, не смее да се држи иднината на државата во залог за предизборни цели“ рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција со заменик-помошникот државен секретар на САД Ескобар.
Тој додаде дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет се заштитени со преговарачката рамка и дека обврските кои ЕУ ги презеде со истата, да се потпише договорот ФРОНТЕКС на македонски јазик е веќе исполнета.
„Минатата година никој не претпоставуваше дека Северна Македонија на македонски јазик ќе потпише договор со ЕУ, одобрен од сите земји членки. Тој е одобрен и од Грција и од Бугарија на македонски јазик“ рече Ковачевски.
Премиерот исто така додаде дека целото европско законодавство се преведува на македонски јазик и дека македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на Европската Унија, кога Северна Македонија ќе стане членка.