2win800x200

СДСМ поднесе претставки до Комисијата за спречување на корупција против Васко Мавровски, Лили Бошевска и Тони Коњановски поради сомнежи за корупција

Септември 22, 2023

СДСМ денес поднесе претставки до Државната комисија за спречување на корупција против Васко Мавровски, Лили Бошевска и Тони Коњановски заради сомнежи за корупција и судир на интереси. 

 
Од сите културни работници во Битола, Коњановски ги назначил баш Васко и Лили за членови на Комисијата за разгледување и евалуација на предлог проектите од областа на културата. Мавровски плус бил избран и за член на комисијата за евалуација на Битфест. 
 
Васко Мавровски, кој е повремен портпарол и член на комисијата за култура на ДПМНЕ Битола, од една страна учествувал на јавниот повик за доставување на предлог проекти од областа на културата, а од друга страна ги оценувал апликациите кои пристигнале на повикот. Мавровски ги оценувал не само проектите во кои учествувал, туку и проекти на негови партиски другари, заради што постои основан сомнеж за судир на интереси и корупција. 
 
Директорката на КИЦ, пак, Лили Бошевска, како член на комисијата, ги оценувала проектите од кои огромен број се одржуваат во установата што ја раководи. Бошевска ќе земи плата ако има настани во Офицерски и во Кино Манаки. Затоа, се сомневаме дека нејзината функција директор и членувањето во комисијата на Општина Битола претставуваат судир на интереси и можност за корупција. 
 
Градоначалникот Тони Коњановски го сомничиме за корупција и судир на интереси заради фактот што во Комисијата за разгледување и евалуација на предлог проектите од областа на културата, назначил свои партиски другари од ДПМНЕ и лица кои се и апликанти и оценувачи во повикот. Нејасно е по кои критериуми Коњановски од сите културни работници во Битола, се одлучил токму Мавровски и Бошевска да оценуваат апликации за театар, за литература, за фолклор. 
 
Две години предупредуваме дека Коњановски и ДПМНЕ ја партизираат и злоупотребуваат културата во Битола. Во август градоначалникот веќе имаше потрошено над 90 % од парите за култура предвидени за цела година, а пари за културните работници нема! Пари од буџетот на битолчани има само за партиски послушници, за роднини и пријатели на Коњановски и неговите најблиски соработници!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани