2win800x200

ВМРО ДПМНЕ Битола: „СДС криминалот да си го бараат во своите редови, односно кај директорката на Завод и музеј“

Октомври 20, 2023

Интегрално го пренесуваме обраќањето на советничката на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Лидија Павловска: 

„Во изминатите неколку денови сме сведоци како СДС со неколку прес конференции се обидуваат неосновано да ја обвинат општина Битола, дека прави некаква злоупотреба на финансиските средства од проектот за преку гранична соработка Smart4you2.

Вистината е следна:

- СДС 5 месеци го кочат проектот со кој Битола требаше да добие велосипедски патеки и само поради инетот на СДС истиот проект е закочен

Исто така СДС криминалот треба да си го побараат во своите редови односно кај директорката на НУ Завод и Музеј Битола.

Затоа ја прашуваме директорката каде е објавен огласот за реконструкција на Пациото?

Колку фирми учестуваа на повикот за реконструкција на пациото?

Колку чини реконструкцијата на Пациотот?

Транспарентноста и отчетноста се едни од основните принципи на ЕУ.

Ја повикуваме директорката на НУ Завод и Музеј Битола да одговори на погоре поставените прашања и да не се крие зад партиските соопштенија на нејзината матична партија СДС.

ВМРО-ДПМНЕ нема да застане се додека јавноста не биде детално запозната за постпката за реконструкцијата на Пациото и за се ќе биде информиран и донаторот на проектот односно Делегацијата на ЕУ“. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани