2win800x200

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ од Битола положи цвеќе пред повеќе споменици подигнати во чест на Илинден

Август 02, 2021

Делегација предводена од Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА, и Унија на ветерани и Унија на жени, по повод најголем македонски празник Илинден положија свежо цвеќе пред споменикот со с.Цапари.

За време на Илинденското востание, жителите на село Цапари активно се вклучиле во вооружените борби против турските власти. Заедно со селата Ѓавато и Смилево тука било јадрото на востанието во битолско.
Село Цапари во востанието изгубило 96 востаници, чии што имиња се испишани на споменикот кој денес е сместен во центарот на селото. На споменикот исто така се испишани и имињата на 16 борци кои ги дале своите животи.
 
Делегација од ОК на ВМРО ДПМНЕ исто така положи цвеќе пред Споменикот на илинденците во Храмот „Света Недела“ и пред Соменикот на двата Илиндени кај Центарот за култура.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани