АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Законите донесени во правна држава ,треба сите подеднакво да ги почитуваат, а најмногу од оние што треба да ги спроведуваат и да работат исклучиво согласно законските одредби. Од вчерашниот прес на министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, може да се види како се злоупотребува спроведувањето на законот, исклучиво за свои партиски кадри. Кај нас, вештина на функционерите на СДС и ДУИ е да изнајдат начин како да ги злоупотребат законите, а не правилно да ги спроведуваат.
Таков случај на злоупотреба е носењето на решение за одземање на ингеренциите на МОН во ООУ„Александар Турунџев“во с.Кукуречани и заканите испратени за одземање на ингеренциите и во други битолски училишта, повторно за партиски кадри и спроведување на партиски цели.
Донесеното решение го сметаме за неиздржано, селективно, пристрасно и тенденциозно и има за цел да се меша во изборот на директорот на училиштето. Битола не заслужува ваков третман од централната власт. Бараме, веднаш да се преиспита и да се повлече донесеното решение за одземање на надлежностите врз училиштето, бидејќи тоа е толку тенденциозно и донесено под силен политички притисок, се со цел СДС да поставува свои кадри, кои не се избрани на легитимен начин. Се прашуваме како МОН, преку локалните ограноци на СДС,успева да најде време и можност за донесување политички одлуки во корист на свои партиски маргиналци, а не успева да смогне сили и навремено да обезбеди учебници за нашите ученици, кои толку многу долго ги чекаат, а беа често најавувани во пресовите на министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Не сакаме да го спомнуваме фактот што истото ова министерство, преку локалните функционери, пред неколку години, со доаѓањето на власт на локално и централно ниво, остави без работа 100тина вработени наставници во образованието во Битола,кои ги исполнуваа условите за трајно вработување, за сега да глуми некаква наводна загриженост за неколкумина вработени, на кои им истекоа договорите за работа.
Го повикуваме мистерот Шаќири да ја преиспита и укине донесената незаконска одлука за одземање на ингеренциите во ОУ„Александар Турунџев“ – с. Кукуречани и да ги почитува законите и одлуките на Училишните одбори.