2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

СДСМ: Зоран Илиоски е човекот кој направи историско поскапување на водата во Битола

Октомври 13, 2017

Локалната власт на ДПМНЕ во изминатите 12 години од Битола направи град со спорт во изумирање, стопанство на колена, најзагаден воздух во Европа, раскопани улици, запоставен Универзитет, град од кој младите масовно се иселуваат, рече денеска на завршната прес-конференција, портпаролот на СДСМ во Битола, Борче Корлевски.

 -И наместо да соберат храброст и да им се извинат на битолчани за тоа што им го направија тие довербата решија да ја побараат со Зоран Илиоски, човекот кој ќе остане запаметен по тоа што во неговото директорување во ЈП „Водовод“  изврши најголемо поскапување на комунална услуга во историјата на Битола. Покрај поскапувањето на водата за цели 110%, како пратеник во Собранието на РМ, дозволи парите на битолчани да се трошат за Скопје 2014 и не водеше ни малку грижа за Битола.Вакво зло на нашиот град не смее повеќе да му се повтори!- рече Корлевски.

Тој обвини дека , ДПМНЕ и Илиоски  на локалните избори  излегоа со препишана програма од изминатите изборни циклуси, притоа заборавајќи дека тие проекти досега требаше да бидат направени.

- Конечно  имаа шанса да покажат дека Битола им значи, но тие, по примерот на Талески, продолжија со старо-новите лаги. Без грам срам и доблест проектите кои им ги ветија на битолчани пред многу години, повторно ги ветуваат.Топлификација и гасификација, стадионот под Тумбе Кафе, изградба на пречистителна станица, полигон за обука на возачи, изградба на катни гаражи, Копанки, покриен базен, хотелски комплекс  „Нижеполе“, реконструкција на железничката пруга  се само дел од проектите кои останаа само лажни ветувања од  ДПМНЕ и Талески, набројуваше Корлевски, додавајќи дека досегашната власт го остави Офицерскиот дом да пропадне , а училиштата  ги затрупа во долгови од околу 2 милиони евра .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани