2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Габриела Илиевска: Да не ни се повторат душегрижници кои се грижат само за сопствениот џеб

Октомври 13, 2017

Габриела Илиевска, носител на независната кандидатската листа за советници „Поинаку“ во завршното обраќање пред изборниот молк им порача на битолчани дека крајно време е битолчани да одлучуваат за иднината на Битола.

 

-Доста ја жртвувавме Битола, доста кадри од Скопје ја спасуваа Битола, доста некои други место битолчани ја водеа Битола. Преживеала Битола наша многу окупации од туѓи војски, но никогаш на памет немаше да ни падне дека најтешката окупација ќе биде од оние кои само на хратија се пишаа битолчани. Да не ни се случи никогаш повеќе такви душегрижници кои се грижат само за сопствените џебови да ја водат Битола- порача Илиевска.

Таа се осврна кон состојбата во градот во изминатите години, па посочи дека има блокирани училишта, очајни градинки, никаква инфраструктура, замислени граѓани, сиромаштија, уништен спорт, уништени села, загаден воздух.

-Да направиме од Битола град предводник, со силни училишта, креативни градинки, силен спорт, средена инфраструктура, задоволни и насмеани граѓани, со странски инвестиции, туристи, силни компании, чист воздух. Да се почувствуваме горди кога ќе кажеме дека сме битолчани. Одлуката мора да биде единствено од битолчани, од никој друг- рече Илиевска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани