АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ученици од СОУ „Таки Даскало“ Битола ја започнаа својата практична работа за оваа учебна година во АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола. Четириесет и четири ученици од втора, трета и четврта година од рударската струка при СОУ „Таки Даскало“ практичната настава ќе ја реализираат во ПЕ Рудници на РЕК Битола, под менторство на вработени во Комбинатот, придружувани од двајца професори.
За првпат годинава АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола за практикантите од СОУ „Таки Даскало“ обезбеди превоз од училиштето до ПЕ Рудници според потребите на учениците, соодветна опрема за лична заштита заради зголемена безбедност при престојот во комбинатот и оброк идентичен како и за вработените во РЕК Битола.
АД ЕЛЕМ и Подружница РЕК Битола остануваат доследни на заложбите да им помогнат на младите кадри во образовниот процес кои своите практични знаења ги стекнуваат во Комбинатот, со надеж дека денешните ученици како утрешни вработени во компанијата или комбинатот, ќе дадат придонес кон стабилното производство на електрична енергија во земјава.