2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Отчет на градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска, за првата година од мандатот (видео)

Ноември 23, 2018

По повод една година од преземањето на функцијата,  градоначалничката  на Општина Могила Јасмина Гулевска и претставници на Советот на Општина Могила од сите политички партии, дадоа отчет за реализираните проекти. 

{YouTube}https://youtu.be/LgoSPbjAuMc{/YouTube}

 -Успешни градоначалници ќе бидат оние кои ќе носат храбри одлуки и ќе реализираат иницијативи и проекти. Јас како прв човек на Општина Могила ја презедов таа одговорност и се задолжив да работам чесно и транспарентно во интерес на граѓаните. При стапување на функцијата  градоначалник,  општината ја затекнав со долг од 30.437.408,00 денари, а со домаќинско работење и штедење по пат со спогодби со доверителите настојувавме да го исплатиме долгот. Во моментот долгот на општина Могила изнесува 13.295.682,00 денари. Во текот на 2018 година успеавме да изградеме ново монтажно училиште во с.Ношпал, се изработи бетонска подлога, водовод и канализација, а исто така општина Могила изгради септичка јама и пристапна патека до училиштето. Првата фаза на изградба беше обврска на општината, вкупната вредност изнесува 904.829,00 денари,  а останатите средства се со подршка од Министерството за образование и наука , рече градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска. 

Таа ги најави и  проектите кои ќе следат во наредниот период.

  • Изработка на проектна документација за инфраструктурно уредување на Индустриската зона Петилеп во вредност од 10.000.000,00 денари.
  • Гасификација на општина Могила. Во делот на гасификацијата општината ќе учествува со изработка и подготовка на проектна документација која што би чинела околу 1.000.000,00 денари.
  • Третиот проект е електрификација на земјоделските површини кој што не се опфатени со систем на водоснабдување, исто во тој дел се однесува на подготвување на проектна документација во вредност од 1.000.000,00 денари.
  • Во тек е изработка на проектна документација за градинка која како објект би постоела во општина Могила но со цел да се подобрат условите за згрижување на децата од предучилишно образование низ цела општина.
  • На крај планирана е изградба на мултинаменски објект во вредност од   7.218.283,00 денари. Објектот е планиран за библиотека, кино проекции а исто така се планира тука да биде сместена и матичната служба. Како и изградба на повеќенаменски објект во н.м. Ивањевци (објектот ќе служи за обезбедување на услуга за водење на матични книги како Подрачно одделение на Битола, поради немањето соодветни услови, престана да се користи месната канцеларија која до пред 4 години даваше ваква услуга со вработени од Битола, исто така во рамките на овој објект планиран е и простор за Центар за ран детски развој кој би можел да згрижува и деца од соседните општини имајќи ја во предвид местоположбата на селото), се планира одреден дел од просторот да се организира како Агро Акцелератор . Вредноста на проектот е 5.327.919,00 денари.

-Со еден збор и годинава ќе бидиме максимално посветени кон реализација на бројни инвестициони зафати кои очекуваме значително да влијаат врз подобрување на квалитетот на живеење на жителите во општина Могила, рече Гулевска на отчетот за сработеното од преземањето на функцијата пред една година. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани