АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во организација на Клиничка болница Битола се одржа координативен состанок на македонските и грчките партнери во рамките на проектот COMETECH, дел од програмата за прекугранична соработка Грција -Македонија 2014-2020. Имено се работи за грант добиен од Европската Унија во рамките на споменатата програма во кој Клиничка болница Битола е еден од петтте партнери. Водечки партнер е Александар технолошки и образовен институт од Солун,како и Општата болница од Велес и Лекарската комора на Солун.
„Содржински се работи за проект за превенција и дијагностика на дијабетот и неговие последици. Во рамките на овој проект Битолската болница ќе добие 12 софистицирани дијагностички апарати со вредност од 47 000 евра меѓу кои со најголема вредност е неинвазивна офталмолошка камера за испитување на фундус. Со оваа апаратута ќе се врши бесплатен скрининг на 200 пациенти од општината. Целната група ќе биде одбрана од лекарскиот проектен тим, за што јавноста ке биде навремено информирана“, рече Сузана Конеска, портпарол на Битолската болница.