На трибина за аерозагадувањето организирана од ВМРО-ДПМНЕ се побара топлификација на Битола

Декември 22, 2018

Не смее заштитата на животната средина да биде апсолутно на крајот од приоритетите. Државата треба да обезеди нормални прифатливи човечки услови за живот, а не да препушти единствено на стихија, на природа, да молиме да дувне ветерче за да се одвеат оние штетни материи што го загадуваат нашето опкружување, рече проф. д-р Контстантин Димитров, член на претседателство во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија на трибината за аерозагадувањето што ВМРО-ДПМНЕ ја организираше во Битола.

 

На новинарското прашање дали тоа што за време на секоја власт има загадување, покажува дека немаат волја да се реши проблемот, Димитров рече: „Ни една влада тоа досега не го стави за приоритет, а се може да се реши. За да се реши треба да имате волја, знаење и пари“.

Силвана Ангелевска, универзитетски професор, поранешен претседател на Советот на Општина Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, апелираше до сегашната власт да ја спроведи што поскоро топлификацијата.

„Во изминатите години од 2010 до 2017 се создадоа услови за да се почне со топлификација на Битола. Ние сакаме да апелираме на сегашната централна и локална власт што побрзо да го споведат тој проект бидејќи фосилните горива го загадуваат воздухот и со нивна замена во централното греење би се намалило влијанието на тие штетни агенси во воздухот. Фазите одеа предфизибилити студија, физибилити студија, па се зеде во 2016 година заем од банка“, рече Ангелевска.

Запрашана колку брзо очекуваат да се реализира топлификацијата, кога тие не успеаја за седум години да ја спроведат на терен, таа рече дека во 2017 година било стигнато до фаза на добивање на градежна дозвола за главниот топловод за Битола.

„Имаат готов проект, обезбедени средства, нешто што ќе биде бенефит за Битола, аплираме што побрзо да го спроведат“, рече Ангелевска.48380409 225561191670160 346256281968836608 n

48388856 1043479335834593 6970929361054597120 n

48405365 743022662729575 130781444925554688 n

48421059 331714384094549 2448494734428078080 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани