Во 2017 и 2018 година нагло пораснал бројот на лица со македонски пасош што добиле дозвола за престој во земјите на ЕУ, рече Марко Јосифовски , претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Битола ден по пресот на младите на СДСМ на кој беше соопштено дека за време на владеењето нА сегашната опозиција во 2015 година се иселиле 20.562 млади.
„Бројот на иселени лица откако дојде животот и се она што тој живот на СДСМ ни донесе, рекетирање, кражби, убиства, тендерски местенки и друго во 2017 година ја надминува бројката од 22 000 лица, а во 2018 година иако не е целосна бројката, таа сепак надминува над 24 000 иселени лица што претставува и своевиден рекорд“, рече Јосифовски.
Тој додаде дека младите од СДСМ не се виновни што нивните идеолошки татковци не им кажале за криминалната приватизација во деведесетите години и аферата ТАТ.
„Во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, младите во Битола добија спортска сала во рамките на универзитетот Климент Охридски, добија уште две спортски сали во рамките на Средното економско училиште и во рамките на средното медицинско училиште, каде до ден денес се развиваат и продуцираат млади спортисти. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ имаше безплатен превоз од секој крај на Република Македонија, сега за жал таа мерка во општина Битола, од оваа година е укината. Се отворија дисперзирани факултети, сега за жал, власта прави напори и тие дисперзирани факултети еден по еден да ги укини. Се овозможи компјутер за секое дете, бесплатни учебници и преводи на голем број дела. Да потсетиме дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ се отвори фабриката Кромберг и Шуберт во која работат и заработуваат за своја егзистенција преку 6000 наши сограѓани од кои повеќето се млади лица. Оваа фабрика во времето кога СДСМ беше опозиција беше нарекувана “логор на смртта”. Во Битола со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт се обновија двата гратски паркови, се направи скејт паркот, две тениски игралишта кои до неодамна беа оставени слободно да се користат, целосно се осветли Тумбе Кафе и уште многу проекти за младите во Битола“, додаде Јосифовски.