2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во етапи се чисти реката Драгор

Август 06, 2019

Деновиве, во рамките на втората етапа од чистењето на реката Драгор, се работи на расчистување во делот од Железничкиот мост до Мојсов мост, соопштина од Општина Битола. Екипите на КЈП „Нискоградба“, со помош на ровокопач и камион, ги отстрануваат наносите, ѓубрето и обраснатите делови на овој потег кој не беше исчистен од вегетација со години.

 

Претходно во првата етапа, вработените во ова јавно претпријатие ги отсрануваа обраснатите делови со трева и растенија во реката Драгор и ѓубрето на потегот од кружниот тек кај Црн Мост до Железничкиот мост.

Ќе следува и трета фаза, а вкупната сума која Општина Битола ја издвои за годинешното чистење на реката Драгор изнесува три милиони денари.драгор

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани