АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јавната набавка за фотоволтаиците на ЈП Пазари, од ВМРО ДПМНЕ денеска ја нарекоа скандалозна и обвинија за злоупотреби. Од ЛДП му одговорија пред да зборуваат за злоупотреби, од ВМРО ДПМНЕ да се извинат за 12 годишното постушење на градот.
-Директорот на ЈП Пазари Владе Атанасовски е должен да одговори на “случајности“ во врска со оваа набавка, објавена од страна на претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски, како вработен во ЈП Пазари и партиски шеф на директорот Атанасовски. Дали во објавената јавна набавка на ЈП Пазари е претходно прикажана проценетата вредност на набавката согласно планот за јавни набавки на Претпријатието? Дали и покрај тоа што не е објавена проценетата вредност на јавната набавка се јавува само една фирма која „случајно“ ја погодува проценетата вредност до денар односно 1,100 000 денари. За да биде сомнежот уште поголем договорот за оваа јавна набавка е склучен на 1,298,000 денари што говори за злоупотребата на службената положба од страна на директорот Владе Атанасовски бидејќи склучил договор далеку над вредноста утврдена со планот за јавни набавки и тендерската документација, обвиниви Никола Котевски, секретар на ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Тој изрази сомнеж дека фаворизирана е фирмата која се јавила на јавната набавка во сопственост на поранешниот советник од СДСМ Благојче Котевски и го повикаа Атанасовски да си поднесе оставка.
Од ЛДП порачаа дека ВМРО ДПМНЕ со вакви деструктивни политики ќе остане опозиција и по октомври