2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Зоран Николовски од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека членови на управни одбори земаат пари што не ги заслужуваат, од СДСМ го прашаа што направил за време на неговото директорување да ја промени состојбата

Април 10, 2021

Битолската ВМРО-ДПМЕН на прес конфернеција праша дали членови на управните одбори на јавните претпријатија во Битола   не се појавувале на состаноците, но земале пари што не ги заслужуваат

  -Имено, дали е точно дека во овие управни одбори постојат поединци, кој ниту еднаш не се појавиле на состаноците на управните одбори, а секој месец добиваат награда од 4000 до 5000 денари.  Ги добиваат овие пари, а на состаноци - не се појавиле. Тоа значи дека за една година добиле 60.000 денари, а за четири  години тоа се  240.000 денари или приближно 4000 евра. Добиваат пари што не ги заслужиле. Е, доста беше ! Завршува времето на колегијална одговорност. Доаѓа време за персонална одговорност , рече од партиската говорница, Зоран Николовски, член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор во битолскиот Завод и Мзуеј.

Од СДСМ го прашаа Николовски што направил тој додека беше директор на национална установа за да ја промени сосотојбата

-ВМРО -ДПМНЕ е партијата која своевремено ги осакати сите законски одредби за да го зголеми и бројот на членови и износот на паушалот за членовите на управните и надзорните одбори за да ги задоволи своите партиски послушници. За да биде несреќата поголема, токму денешниот говорник од седиштето на ОК на ВМРО – ДПМНЕ во Битола беше директор на национална установа која имаше и сеуште има и Управен одбор. Што направи тој за да ги заштеди народните пари за кои денес е многу загрижен? Сигурно се сеќаваат дека во јавните претпријатија паушалот до доаѓањето на СДСМ на власт беше двојно поголем од 4.000 до 4.5000 денари колку што во дел од претпријатијата се исплаќа сега, одгворија од СДСМ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани