2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ВМРО-ДПМНЕ со прашања до Заев

Мај 11, 2018

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција, што се одржа пред посетата на премиерот Зоран Заев на Битола, до него упатија повеќе прашања за работата на локалната власт.

 

-Премиерот Зоран Заев најверојатно е дојден во потрага по загубените ветувња на градоначалничката Наташа Петровска. Со оглед на тоа што Наташа Петровска нема време, нема лице и нема храброст да се соочи со граѓаните на Битола за кои е постојано неинформирана, сега истите овие прашања Ви ги поставувам Вам почитуван премиере:

            - зошто во услови кога општина Битола е нефункционална, јавните претпријатија парализирани вие планирате да ја поскапите цената на комуналните услуги?

            - зошто повеќе од 500 ученици и понатаму остануваат без законски загарантираното право на училишен превоз?

            - дали знаете дека „животот за сите“ во Битола остави без работа близу 500 луѓе, а на нивните места беа вработени блиски роднини на градоначалникот и локалнати функционери?

Потоа прашувам:

            - дали и колку нови инвеститори ќе обезбедите во индустриската зона Жабени и колку нови реални вработувања ќе имаме до крајот на оваа година во Битола?

            - дали можеби со Вас го носите магичното стапче за чистење на воздухот кое Наташа Петровска го побара на последната седница на Советот?

            И на крај во име на транспарентноста денес заедно со Петровска треба да застанете на Широк сокак пред битолчани и да направите граѓански парламент, онака како што ветувавте и да им кажете на граѓаните од кога ќе почнат да земаат по 500 евра плата, рече на денешната прес конференција Иванчо Тошевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Битола.

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани