АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Новото раководство на Техничкото училиште во Битола, започна со санација и реновирање на три училници кои заради негрижа од бившите раководства со години биле оставени да скапуваат во влага со мувлосани ѕидови и распаднат малтер.
Директорот на средното техничко училиште Владимир Роме, вели дека училиштето во оваа зграда опстојува од 1986 година и од тогаш до сега ништо не е сменето и реновирано, особено не, во водоводот и одводот. Цевките се целосно зарѓени, испукани и дотраени, а таква е состојбата во целото училиште, за што говорат и фотографиите.
Техничкото училиште од Битола и компанијата ДОО Логинг електроникс –Скопје потпишаа меморандум за соработка поврзана со едукацијата на учениците од ова средно училиште. Меморандумот го потпишаа Златко Крстевски, генерален менаџер на Логинг електроникс и директорот на СОТУ Ѓорѓи Наумов, Владимир Роме.
-Меморандумот опфаќа соработка во повеќе области поврзани со едукација на учениците од нашето училиште и донирање на современи наставни средства и помагала од страна на компанијата, изјави директорот Роме.
Според Роме целта е да се обезбедат услови за поквалитетна настава со современа технолошка опрема со која учениците ќе можат поуспешно да ги совладуваат наставните содржини, но и како ентузијасти да се вклучуваат во воннаставните активности, проектните задачи и учество на натпревари во функција на струката. Исто така, предвидени се и активности во самата компанија како користење на нејзините просторни и материјални ресурси за реализирање на семинарски задачи, посета на настани на терен, набавка на материјали за реализирање на практичната настава од електротехничка струка, аплицирање во проекти од заеднички интерес и слично.
На шеесет годишнината од своето постоење, Техничкото училиште од Битола, се збратимува со училиштето „Мави Текник “ од Измир, Турција. Во тек е петдневната посета на претставници на Техничкото училиште од Битола во Измир , како гости на тамошното техничко училиште „Мави Текник“. Станува збор за средба на највиско ниво, со што збратимување на овие две училишта официјално и на документ ќе се случи во Битола во јуни годинава.
-Во тек е посета на највисоко ниво по што ќе следи збратумување на двете училишта. Им преносовме поздрави со подароци од името на градоначалничката на Битола, Нашата Петровска во чест на збратимувањето на Битола со Измир што исто така ќе следува, како и подароци од нашето училиште, информираше директорот на Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“ –Битола, Владимир Роме , кој информацијата и фотографиите ни ги испрати од Измир.
Двете училишта на средба се запознаа со образовните системи во двете земји , сличности и разлики како и можности за соработка. По што најавија дека ќе следи и посета на ученици и наставници од Битола во Измир, веќе од следната година.
-Посетата поминува во крајно пријателска атмосфера обележана со турската гостопримливост и љубов кон нашиот народ, вели директорот Роме, кој во Измир е заедно со заменик директорот на училиштето Тони Панов.
Она што е специфично за техничкото училиште „Мави Текник“ е што е лоцирано во центарот на индустриската зона во Измир, во него се образуваат од 900 до 1000 ученици на електро-машинските струки: роботика, електротехника, обновливи извори на енегрија, машинска технологија и дизајн...
Директорот Роме вели дека на крајот од оваа средба ќе бидат дефинирани точните начини на соработка и динамика во иднина.
Изградба на оградена патека која ќе минува вдолж дворот на Техничкото училиште, е едно од решенијата на проблемот со „корзото“ низ овој простор што го практикуваат пазарџиите на Новиот пазар во Битола. По отворањето на проблемот, за кој пишуваше апла.мк, со секојденевното користење на дворот од страна на граѓани кои поминуваат пеш, со велосипеди или мотори, или пак, го користат како паркинг за автомобилите, денеска на терен излегоа комунални инспектори од Општина Битола.
Тие заедно со директорот на училиштето Владимир Роме, ја разгледуваа можноста за оградување на патека за непречено движење на граѓаните од пазарот кон околните згради без да влегуваат на спортските терени на Техничкото.
Средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ од Битола, ќе се збратими со училиштето „Мави Текник“ од Измир, Турција. Претставници на Техничкото училиште, директорот и помошник директорот од 29 април до 3 мај ќе престојуваат во градот Измир, заедно со координаторите на проектот за збратимување на двете училишта Еркан Лама и Семиха Лама од Скопје.
Директорот на Техничкото училиште Владимир Роме вели дека станува збор за училиште кое е сместено во индустриската зона во Измир.