АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Техничкото училиште од Битола и компанијата ДОО Логинг електроникс –Скопје потпишаа меморандум за соработка поврзана со едукацијата на учениците од ова средно училиште. Меморандумот го потпишаа Златко Крстевски, генерален менаџер на Логинг електроникс и директорот на СОТУ Ѓорѓи Наумов, Владимир Роме.
-Меморандумот опфаќа соработка во повеќе области поврзани со едукација на учениците од нашето училиште и донирање на современи наставни средства и помагала од страна на компанијата, изјави директорот Роме.
Според Роме целта е да се обезбедат услови за поквалитетна настава со современа технолошка опрема со која учениците ќе можат поуспешно да ги совладуваат наставните содржини, но и како ентузијасти да се вклучуваат во воннаставните активности, проектните задачи и учество на натпревари во функција на струката. Исто така, предвидени се и активности во самата компанија како користење на нејзините просторни и материјални ресурси за реализирање на семинарски задачи, посета на настани на терен, набавка на материјали за реализирање на практичната настава од електротехничка струка, аплицирање во проекти од заеднички интерес и слично.