2win800x200

Срдечен и пријателски дочек во Измир на претставниците на Техничкото училиште од Битола

Мај 02, 2018

На шеесет годишнината од своето постоење, Техничкото училиште од Битола, се збратимува со училиштето „Мави Текник “ од Измир, Турција. Во тек е петдневната посета на претставници на Техничкото училиште од Битола во Измир , како  гости на тамошното техничко училиште „Мави Текник“. Станува збор за средба на највиско ниво, со што збратимување на овие две училишта официјално и на документ ќе се случи во Битола во јуни годинава.

-Во тек е посета на највисоко ниво по што ќе следи збратумување на двете училишта. Им преносовме поздрави со подароци од името на градоначалничката на Битола, Нашата Петровска  во чест на збратимувањето на Битола со Измир што исто така  ќе следува, како и подароци од нашето училиште, информираше директорот на Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“ –Битола, Владимир Роме , кој информацијата и фотографиите ни ги испрати од Измир.

Двете училишта на средба  се запознаа со образовните системи во двете земји , сличности и разлики како и можности за соработка. По што најавија дека ќе следи и посета на ученици и наставници од Битола во Измир, веќе од следната година.

-Посетата поминува во крајно пријателска атмосфера обележана со турската гостопримливост и љубов кон нашиот народ, вели директорот Роме, кој во Измир е заедно со заменик директорот на училиштето Тони Панов.  

Она што е специфично за техничкото училиште „Мави Текник“ е што е лоцирано во центарот на индустриската зона во Измир, во него се образуваат од 900 до 1000 ученици на електро-машинските струки: роботика, електротехника, обновливи извори на енегрија, машинска технологија и дизајн...

Директорот Роме вели дека на крајот од оваа средба ќе бидат дефинирани точните начини на соработка и динамика во иднина.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани