2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ДЕЛА НА МАКЕДОНСКИОТ ДАЛИ ИЗЛОЖЕНИ ВО ГОРНАТА ГИМНАЗИЈА КАДЕ ШТО НЕКОГАШ УЧЕЛ ВО БИТОЛА

Октомври 07, 2022

Дваесет извонредни ликовни дела на македонскиот академски сликар Васко Ташковски, кого многумина го нарекуваат и македонскиот Дали, изложени се во Библиотеката во Гимназијата „Јосип Броз –Тито“ во Битола каде овој врвен уметник учел и ги направил почетоците во уметноста посебно во работењето со акварел. Ташковски учел основно училиште во објектот каде денес е сместена Гимназијата, во четириесетите години од минатиот век. Денес во училиштето има јазично-уметнички смер, па покрај гостите и учениците можеа да се запознаат со делото на академикот кој изложувал низ целиот свет, од Битола, па се до зградата на Обединетите нации во Њујорк.

насловна

Директорката на Гимназијата Лидија Споа рече дека овој настан дава сила учениците самоуверено и храбро да ги откриваат тајните на уметноста уште од средношколските клупи.

„Во годината кога Гимназијата ‘Јосип Броз Тито’ одбележува 130 години од нејзиното постоење како воспитно-образовна институција висока привилегија е да биде домаќин на еден исклучителен ликовен уметник. Горната гимназија е средношколска институција каде за првпат во слободна Македонија во 1945 година започна да се одржува настава на литературан македонски јазик. Токму овде, во овие училници, извесен дел до своето школување, во четириесеттите години на минатиот век го реализира и нашиот прославен ликовен уметник“, рече Споа.

нас2

Иницијатор на изложбата е библиотекарот Драган Ристевски, кој и претходно организирал слични културни настави во училишната Библиотека. Неговиот дедо, односно таткото на сопругата, Ранко Струмениковски бил колега, пријател и цимер на Ташковски. 

309776812 1734259153612513 3794626507670887830 n

„По оваа несекојдневна изложба, за кусо време, одам во редовна заслужна пензија. Голема чест и задоволство е на овој начин да се заокружи мојот речиси 12 годишен библиотекарски ангажман. Во тој контакст е и оваа уметничка поставка на графики и акварели на Ташковски, на неговите волшебни дела што зрачат со ретка енергија, кои восхитуваат, никого не оставаат рамнодушен, но и опоменуваат за сите негативности на човекот врз мајката природа“, рече Ристевски.

309393497 1754428818289627 2183952354369453264 n

Едно од делата ќе биде подарено на Гимназијата домаќин.  

„Во своето речеиси седумдецениско продуктивно ликовно творештво создал над 1000 слики во маслена техника, претежно работени на платна, околу 3000 акварели, над 1300 цртежи со молив, туш и комбинирани техники, а во негова сопственост се зачувани над 10 000 скици студии за слики и графики. Во своето 25 годишно работење во МРТ реализирал над 300 сценографии за различни телевизиски емисии, фестивали, драми… Неговиот потпис се нао]а и на голем број графички дизајнирани плакати, амблеми, илустрации, корици за книги , како и други графички решнија. Има над 50 самостојни изложби низ целиот свет, а во 2000 година во Њујорк во зградата на Обединетите нации е изложена неговата монументална слика ‘Пријател на мирот’“, рече градоначалникот Тони Коњановски кој ја отвори изложбата.

излозба

За жал Ташковски, кој е жива сликарска легенда и твори во неговата деветта деценија од животот не присуствуваше зашто денес се одбележуваат 55 години постоење на МАНУ, па на присустните им се обрати преку видео повик евоцирајќи спомени за неговото творење додека бил ученик .

309448007 1070985533615749 4340063002103398892 n

310693304 3167510263560022 8713600390565593757 n

309815576 627850019019130 6547106789044508056 n

оваа 10

оваа 1

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани