АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ја напуштија седницата на Совет незадоволни што градоначалничката Наташа Птровска не им дала одговор на сите дополнителни советнички прашања.
Опозицијата го поздрави присуството на градоначалничката Наташа Петровска на денешната седница на Совет со зборовите „Нека е за аирлија“ и прашуваше за состојбите во образованието, за непотизмот , за легализацијата на објектите, за обиколницата, за загадениот воздух...Завршните сметки на училиштата и градинките денеска се најдоа пред советниците. Училиштата должат 4, 3 милиони евра, долгови наследени од бившата власт. Петровска ги потсети советниците од опозицијата дека токму заради образованието некои се влечкаат по судови.
Вербален дуел меѓу советниците Методија Илиевски и Габриела Илиевска
Во Пелагонискиот регион ќе биде изградена регионална депонија , чија вкупна вредност ќе биде 40 милиони евра. Секоја од општините требаше да партиципира со соодветен износ на средства , што за Општина Битола требаше да изнесува 4 милиони и 420 илјади евра , бидејќи тие пари како Општина не ги располагаме, Владата на Р. Македонија на себе ја презема обврската да го финансира целокупниот дел. Ова што сега се прави ќе има големо влијание за заштита на животната средина, а тоа ни беше една од обврските кои ги преземавме во кампањата и едно од ветувањата кон граѓаните. Оваа регинална депонија ќе биде со претоварни станици во неколку градови, значи после 4 години Битола ќе има регионална депонија, рече Валентин Груевски претседател на Советот на Општина Битола на денешната седница на која беше усвоен предлогот за реализирање на проектот за изградба на регионална депонија во овој крај.
Советот го усвои Локалниот акционен план на Општина Битола во областа вработување, домување, образование, здравство и жената Ромка за периодот 2018-2020.