2win800x200

Заради образованието се влечкате по судови, возврати Петровска на обвинувањата на опозицијата во Советот

Април 25, 2018

Опозицијата го поздрави присуството на градоначалничката Наташа Петровска на денешната седница на Совет со зборовите „Нека е за аирлија“ и прашуваше за состојбите во образованието, за непотизмот , за легализацијата на објектите, за обиколницата, за загадениот воздух...Завршните сметки на училиштата и градинките денеска се најдоа пред советниците. Училиштата должат 4, 3 милиони евра, долгови наследени од бившата власт. Петровска ги потсети советниците од опозицијата дека токму заради образованието некои се влечкаат по судови.

 

- Зошто не ја исполнувате законската обврска да им обезбедите слободен превоз на учениците и со тоа заедно со директорите кои вие ги поставувате се изложувате на кривична одговорност и што е најстрашно директно го колабирате воспитно- образовниот процес во Општина Битола. Ја злоупотребувате безочно функцијата градоначалник и вработувате свои блиски , како што го вработивте вашиот брат, рече советничката Анита Ангелеска, од ВМРО-ДПМНЕ, една од обвинетите бивши директори во судскиот процес „Транспортер“ .

На обвинувањата Петровска одговори дека не прифаќа дека сега има колабиран воспитно-образовен процес  во Битола.  

- Колабиран воспитно –образовен процес?- нема лице да каже некој кој бил дел од политиките каде заклучно со 31 декември  2017, вкупно училиштата должат над 4, 3 милиони евра. За краток период 80 илјади евра од тие трошоци или да кажам оставштина  се покриени. Да ве потсетам и на тоа дека од 12  основни училишта се блокирани 8 , а од 6 средни училишта се блокирани две . И не само што сте ги блокирале училиштата туку сте злоупотребиле и законски одредби каков требал да биде начинот на  одблокирање. Затоа сега се влечкате по судови, возврати градоначалничката Петровска категорична  и со факти дека проблемите во образованието  се направени од бившата власт, а таа  не сака да продолжува со незаконски постапки.

-Немам  намера да очекувам друго од директорите на училиштата освен дека,  да не сакаат превоз кој што чини 60 денари од Новаци до Битола, 30 во еден правец и 30 во друг, да го плаќаат за 400 денари. Игнорирање на овој проблем воопшто не сум имала, за тоа постои целосна документација во општинската администрација, рече Петровска, додавајќи дека проблемот со превозот е отворен и пред Министерство за образование и пред Владата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани