Сто пакети со прехрамбени производи ќе бидат доделени за пензионери со ниски примања по повод празниците

Април 14, 2022

По повод престојните верски христијански и муслимански празници на сто пензионери со ниски примања членови на здружението на пензионери ќе им бидат доделени сто пакети со прехрамбени производи. Ова беше одлучено на денешната седница на Извршниот одбор на Здружението на пензионери во Битола одржана под претседателство на Даница Петличкова.

На седницата беше одлучено од 18 април да започнат со работа Клубовите на пензионери во Битола, Новаци и Буково, а навремено да започнат подготовсите за Регионалната ревија на музика, песни и игри под покровителство на СЗПМ, чиј домаќин на 9 мај ќе биде битолското Здружение на пензионери.

Со подобрување на здравствената состојба се планира наскоро да започнат да се организираат пензионерските пролетните и есенските екскурзии, планирани со програмата, како и средбите со збратимените здруженија пензионери. На седницата се расправаше и за други актиелни прашања од животот на членовите на здружението на пензионери од Битола, Новаци и Могила.

трета55

прва11

в тора22

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани