Во недела на 19.02 - Бесплатна пешачка тура во Битола

Февруари 16, 2023

Исто како и минатата година, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници организира бесплатна пешачка тура во најпосетените туристички центри.

Поводот за овој настан е одбележувањето на Светскиот ден на туристички водичи кој се одбележува секој 21 февруари.

Лиценцирани водичи на ден 19.02 ќе ви ја претстават Битола онака како што тоа го прават пред многубројните туристи. Во период од околу два часа, со голема посветеност, љубов и локал патриотизам, ќе ви ја доловат Битола онаква каква што некогаш била, центар на овај дел од Европа.

Ќе имате можност да ја слушнете приказната за Офицерскиот Дом, Мустафа Кемал Ататурк и неговата тинејџерска љубов, браќата Манаки, геноцидот врз Евреите, Саат Кулата, Старата чаршија, ликовната колонија Мал Битолски Монмартр...

Првата тура започнува во 11часот од пред Музејот на град Битола, втората тура започнува во 12 часот од пред Саат Кулата. Водичи на овие бесплатни тури се Горан Пинза и Исидор Балојани.

Ве покануваме на една поинаква неделна дружба и прошетка по Широк Сокак.
Поведете ги и вашите најмлади,ве уверуваме дека убаво ќе си поминат.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани