Ковачевски за МИА: Опозицијата да изгради став и да одлучи дали е за интеграција во ЕУ

Август 06, 2023

„Опозицијата треба да изгради став и да одлучи дали е за интеграција во ЕУ, реално и суштински или за изолација. Не треба да се замајуваат граѓаните со флоскули или со невистини“ рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

Тој додаде дека опозицијата прво ширеше невистини за „асимилација и бугаризација“, а откако се видело дека нема ништо од тоа сега е „бугарски диктат“.

„Уставните измени не се ничиј диктат, ниту пак нечиј поединечен предлог, туку се дел од преговарачката рамка на Република Северна Македонија со Европската Унија. Ни повеќе ни помалку“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека за Владата државни теми се членството во ЕУ и економскиот напредок, а темата за предвремени избори е одамна затворена.

„Сепак, водејќи се од државниот интерес, на лидерската средба ја понудив оваа опција како можност за опозицијата да ги поддржи уставните измени. Ако опозицијата изгласа уставни измени ние сме подготвени уште утредента да одиме на избори, и тоа е јасно. Пратениците сега имаат многу поважна работа од терање изборни кампањи и калкулации за министерско, пратеничко или директорско столче“ рече Ковачевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани