2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Ковачевски: По 40 години, рехабилитиран регионалниот пат Битола-Меџитлија, се поврзуваме со соседите, отвораме економски перспективи, го олеснуваме нашиот пат до ЕУ

Декември 20, 2023

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, беа на увид на рехабилитираниот регионален пат  Битола-Меџитлија, чија што рехабилитација заврши и патот е пуштен во употреба. Премиерот Ковачевски посочи дека инвестицијата за рехабилитација на овој патен правец во должина од 12,5 километри е во вредност од 3,28 милиони евра.

„Овој патен правец кој децении наназад бил запоставен, а сега рехабилитиран, е од исклучително значење, особено што се работи за дел од европскиот Коридор 10-д, кој нè поврзува со нашиот јужен сосед. На целиот Коридор се работи навистина интензивно и тоа на сите делници што на крајот ќе резултира со модерен патен правец од Коридорот 10, поврзување со Коридорот 10-д преку Прилеп, Битола, до границата со Грција. Со тоа целиот овој регион добива нов инфраструктурен лик“, изјави премиерот Ковачевски, во неговото обраќање на настанот, потенцирајќи дека резултатите на Владата се видливи.

кова2

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, рече дека во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, се реализираат повеќе проекти во делот на инфраструктурата во Пелагонискиот Регион.

„Министерството за транспорт и врски во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта го бележи најголемиот инвестициски циклус во изградба и модернизација на патната мрежа низ целата држава. Ова особено се случува во Пелагонискиот Регион, каде започнавме со реализација на најкрупните инфраструктурни проекти во независна Македонија. Пелагонискиот Регион е многу значаен за развој на нашата земја и затоа токму овде вложуваме сериозни финансиски средства и сме силно посветени во модернизацијата на патната инфраструктура. Сите проекти во регионот се одвиваат со добра динамика со што во еден континуиран процес ќе ја заокружиме целата патна врска од главниот автопат на Коридор 10, па се до граничниот премин Меџитлија“, потенцираше министерот Бочварски.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми рече дека денеска, заедно со премиерот и министерот за транспорт и врски, официјално ја одбележуваат завршената рехабилитација на државниот пат А3, делница Битола-Меџитлија.

кова3

„Рехабилитиравме 12,7 километри со средства обезбедени од ЕБОР во висина од 3,27 милиони евра, Ширината на оваа патна делница е променлива и се движи од 6 до 6,5 метри. Требаше да поминат 40 години за патниот правец Битола – Меџитлија да биде за прв пат рехабилитиран! Овој патен правец кој води до граничниот премин Меџитлија и кој е главна артерија за проток на сообраќај помеѓу двете соседни земји беше во исклучително лоша состојба, но и покрај тоа не беше приоритет за рехабилитација. Тргнувајќи од оваа цел, во нашата програма приоритет добија патните правци што водат кон граничните премини со нашите соседи. Факт е дека ако сакаме добра економска соработка треба да понудиме и добра патна поврзаност, а добрата патна поврзаност значи и поголем развој на туризмот од што придобивка имаат сите“, рече директорот Рустеми.

При тоа, премиерот Ковачевски посочи дека во Пелагонискиот Регион активно се работи на повеќе инфраструктурни проекти како што автопатот Прилеп-Битола, патниот правец Градско-Прилеп, рехабилитацијата на патните правци до помалите населени места, Нижополе, Ротино, Бучин, Житоше, Демир Хисар, а оваа година се предвидени рехабилитации и на патните правци што водат до Лопатица, Могила и Будаково. За идната година се обезбедуваат средства за изградбата и на нов експресен пат Битола-Меџитлија со обиколница околу Битола, за кој веќе има одобрен инфраструктурен и ревидиран основен проект, притоа водејќи грижа и за животната средина.

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани